Пазарот на криптовалути изгуби 4,1 отсто од својата капитализација во последните 24 часа, што според веб-страницата Коингеко моментално изнесува 1,98 трилиони долари.
Биткоинот падна за 2,6 отсто во истиот период и моментално се тргува по 42.321 долари.
Етериумот бележи полош пад во изминатите 24 часа, од 5,5 отсто, а моментално на менувачниците и берзите се проценува на околу 2.936 долари.