Австрискиот експерт Гунтер Фелингер во интервју за Алфа ТВ бара Македонија да се откаже од празнување на „11 октомври и „23 октомври“ за да не ја лутиме Бугарија во преговорите.
Тој смета дека овие два празника биле провокативни и оти затоа треба да бидат само партиски празници.
-Можете да ги промените вашите државни празници што се многу провокативни за Бугарија. Особено 23 октомври, денот на ВМРО. Тоа е многу проблематичен празник, кој неодамна почна да се празнува. Другиот проблематичен празник е 11 Октомври, кој го славите како ден кога сте ги поразиле Бугарите. Тоа не е многу мудар наратив за една потенцијална современа членка на ЕУ. Би ви предложил тоа да не бидат државни празници, туку да бидат празници на вашите партии, на СДСМ и ВМРО-смета Фелингер.