Уште една златна медалја на меѓународен турнир за малата каратистка Сара

Нов успех на меѓународните онлајн карате турнири на 11-годишната ученичка Сара Трпковска, член на КК Фунакоши Гичин од Скопје.
Таа успешно балансира помеѓу училишните обврски, пијаното, англискиот јазик и каратето и секојдневно носи успеси на Македонија.

На меѓународниот онлајн турнир од светска категорија Спортдата одржан помеѓу 23-27 април 2021 година, во категорија ката У-14 или помлади кадети, Сара освои прво место помеѓу 32 учеснички во нејзината категорија.
На патот до златото Сара издвојува победи во пет меча и тоа против натпреварувачки од Велика Британија, Австрија, Доминиканска Република, Канада и Унгарија. Во финалето со катата Gojushiho Dai таа ја доби највисоката оценка од 24,4 во нејзината категорија.

Патот на Сара до финалето и првото место може да го видите ТУКА.