Министерот за здравство, Венко Филипче соопшти за уште еден нов пациент дел од персоналот на Клиниката за кожни болести во Скопје, по направени тестови во изминатите 24 часа.
Со ова, бројот на заболени се искачи на шест лица кои се вработени во кожната клиника, заразени од невнимателната раководителка, Ова следува откако сега веќе сменатата директорка на болницата Нина Цаца Биљановска се врати од Италија и не се изолираше согласно препораките, туку одеше на работа, на семинари и забави. Подоцна, нејзиниот тест за коронавирус беше позитивен.
Регистрирани се 24 нови случаи на инфицирани со коронавирус. Има уште еден пациент поврзан со кожната клиника во Скопје. Вкупната бројка до 12 часот е 201 лице. Од скопската Инфективна клиника е отпуштен уште еден пациент, чии два контролни тестови се негативни. На Клиниката за инфективни болести испишан е еден пациент од Дебар, во добра општа состојба со два негативни последователни теста, рече Филипче.
Министерот информриаше дека е стабилна состојбата на пациентите од Штип.