Уште седумина заболени во Куманово, меѓу нив нема здравствени работници

Во изминатите 24 часа во Куманово, општина во која од синоќа е воведен полициски час цел викенд, регистрирани се седум нови случаи, шест од Куманово и еден од село Липково.

Како што информираат од Центарот за јавно здравје од Куманово, најмладиот пациент е на вораст од 27 години, а најстариот пациент има 70 години.

Седум новозаболени од коронавирус се регистирани во Куманово. Од нив шест се од Куманово и еден од Липково, информираат од Центарот за јавно здравје од Куманово.

-Се прават епидемиолошки анкети се бараат нивните контакти за да навремено се изолираат и да се преземат сите за спречување на ширење на инфекцијата и нивно навремено лекување, вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за Јавно здравје во Куманово.

Досега во Куманово се регистрирани 85 заболени од корона вирус, а 11 од нив се здравствени работници.