Бугарскиот тенисер Григор Димитров е заразен со коронавирус поради што е откажано финалето на Адриа Тур во Задар помеѓу Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов.
„Уште три тенисери се позитивни на корона вирус“, изјави Шиме Вицковиќ началник на Цивилната заштита на Задарската жупанија.
Меѓу нив се хрватскиот тенисер Борна Чориќ и кондицискиот тренер на претходно заразениот Димитров, дознава Н1.
Во Задар се спроведуваат тестирања на луѓето кои биле во близок контакт со бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој е позитивен на корона вирусот. Тој на Адриа тур во Загреб престојувал неколку дена и освен тенис играл и кошарка со останатите играчи, а се дружел и со граѓаните.
Во Хрватска вчера е објавено дена во последните 24 час регистрирани се 18 новозаболени од коронав вирус.