
Градското дерби ќе се одигра на 9-ти август на националната арена „Филип Втори“, додека веднаш во второто коло следи уште едно дерби, помеѓу Шкендија и Вардар.
Првенството ќе се игра до 15-ти мај, по системот како и минатата сезона, со плеј-оф и плеј-аут разигрување.
Комплетниот распоред од денешната ждрепка за натпреварите во новата сезона од Првата лига ќе биде дополнително објавен од Натпреварувачката комисија на ФФМ.
ПРВА ЛИГА – СЕЗОНА 2015/2016
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО (9-ти август – 17:30ч)
Вардар – Шкупи
Шкендија – Младост ЦД
Металург – Силекс
Брегалница – Работнички
Хоризонт Т. – Ренова