Услови за утринска магла во котлините, преку ден сончево

Во Македонија во понеделникот по студеното утро во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Утринските температури се движат од минус 3 на повисоките места на истокот до 7 степени на крајниот југ, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 15 и 23 Целзиусови степени

Во Скопје и околината утрото е студено, а преку денот ќе биде сончево со слаб променлив ветер. Температурата ќе се искачи до 20 степени.