Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница треба да расправа за претставките поднесени против ДУП И10 во Општина Аеродром.
Од Општината велат дека ги имаат доставено сите потребни документи и оти понатаму ќе постапува согласно одлуката на судот.
Во однос на мораториумот за градење, Општина Аеродром останува на ставот дека тој воопшто нема да го реши проблемот, туку само дополнително ќе ја искомпликува целата состојба.
-На сметка на ова Опшината може да трпи и финансиски штети, што значително ќе се одрази врз работењето и е спротивно на интересите на граѓаните. Мораториумот не му го одзема правото на сопственикот да гради, не го оспорува носењето на ДУП-от и не влијае врз маркицата за градба. На овој начин само се блокираат сите други неспорни градби и тековни работи во Општината, се наведува во соопштението од Општина Аеродром.