
Генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на денешната прес-конференција, на новинарско прашање што доколку не се прогласи повторно вонредна состојба одговори:
-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на евентуалното враќање на Собранието не е став заради водење инает или дневно политиканство. Неколку пати досега имам напоменато, кога станува збор за почитување на Уставот и законите, не можеме тука да ги прашуваме политичарите што мислат и кој е нивниот став. Уставот е дециден и јасно кажува дека Собранието не може повторно да заседава затоа што е самораспуштено и пратениците го имаат вратено мандатот. И впрочем ова не е став како што кажав на дневна политика на ВМРО-ДПМНЕ, туку тој став е и на најголем дел од врвните експерти во државата кои ја третираат материјата на Уставното право и политичкиот систем. Така да овде не станува збор желби на политичките партии и преку нели изразување на тие желби и согласност на политичките лидери на некој начин повторно да се прекршуваат Уставот и законите. Тоа што го имаме пропишано и ако навистина се залагаме за владеење на правото и правната држава тогаш мораме да почитуваме она што е напишано, рече Јанушев.