![DIK](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/10/DIK.jpg?resize=515%2C283&ssl=1)
Заклучно со денеска, 31.07.2016 година, до 13:00 часот, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 595 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
Од нив, како што информираат од ДИК, 142 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 453 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.
Подолу е табелата со состојбата по општини: