Уште двајца скопјани каснати од кучиња скитници

Две лица во недеалата биле каснати од кучиња скитници во Скопје.

Во првиот случај А.Л. (35) од Скопје околу 14.30 часот на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов” бил нападнат и гризнат од куче скитник во пределот на левата нога.

Скопјанката В.В.(58), пак, во 17:30 часот на ул. „Димитрие Чуповски” во била нападната и гризната од група кучиња скитници во пределот на левата надколеница.