Дванаесетгодишно девојче физички било нападнато вчера вечер во скопската населба Маџари, откако претходно во петокот две малолетнички од населбата Лисиче завршија во болница откако се нападнати од 36-годишна жена.
Во текот на вчерашниот ден во 21,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје 37-годишниот Е.Б. пријавил дека истиот ден околу 21,00 часот на улицата „Маџари“ од страна на Р.С. физички била нападната неговата 12-годишна ќерка.
По целосното расчистување и документирање на настанот, ќе следи соодветен поднесок.