Три нови случаи на напади од кучиња скитници се пријавени во вторникот во скопските полициски станици, информираше во средата министерството за внатрешни работи.
Во 01.50 часот во Полициска станица Центар, 22-годишник од Скопје пријавил дека на во вторникот вечерта околу 23,30 часот на улицата „Пролет” бил нападнат и каснат од куче скитник и бил каснат во пределот на левата нога.
Минатата ноќ околу 20,20 часот во Полициска станица Гази Баба, 54-годишен скопјанец пријавил дека околу 18.50 часот на улицата „Пехчевска” бил нападнат и каснат од куче скитник во десната подколеница.
Претходно во вторникот во 11,30 часот во Полициската станица Гази Баба, 58-годишен жител на Скопје пријави дека во саботата околу 20 часот на улицата „Благоја Стевковски“ бил нападнат од куче скитник кое го каснало за левата нога.