​Усвоен буџетот за 2023 година на Аеродром – новите градинки, училишта, паркови и улици ќе бидат новиот лик на општината

Усвоен буџетот за 2023 година, новите градинки, училишта, паркови и улици ќе бидат новиот лик на Аеродром

На денешната седница на Советот на Општина Аеродром го усвои буџетот за 2023 година. Станува збор за развоен буџетот во кој предвидуваме изградба на низа инфраструктурни објекти, капитални инвестиции и поддршка за граѓаните.

„Како прв човек на општината, се радувам што следната година ќе продолжат важните и клучни проекти кои ги започнавме оваа година, со што остваруваме континуитет во развојот на Аеродром како урбана, спортска, модерна и зелена општина. Нови градинки, нови плоштади, училишта и паркови – ова ќе биде новиот лик на Аеродром во 2023 година“, истакна градоначалникот Муцунски.

Тој додаде дека и следната година општината ќе продолжи да ги поддржува ранливите категории на граѓани, да го субвенционира спортот, да вложува во неговиот развој и да инвестира во проекти за секое населено место и за сите возрасни групи.