![tutun-696x387](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/tutun-696x387.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Владата на денешната редовна седница ја разгледа и усвои Стратегијата за производство на тутун за период 2021-2027 година, со акционен план.
Меѓу целите на седумгодишната стратегија за производство на тутун како посебно се издвоени: државната помош на земјоделските стопанства кои се занимаваат со тутунско производство; поддршката на доходот на земјоделските стопанства; политиките за рамномерен и одржлив развој во тутунопроизводните региони; и поддршката за формирање на организации на производители.
На оваа своја седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за потребните средства за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот и Полошкиот регион и ги задолжи Министерството за финансии во соработка Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување на заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во овие региони.