
Кошаркарите на Јута Џез ноќта кон вторникот на гости го совладаа Голден Стејт Вориорс со 122:108, а Лос Анџелес Клипер на свој терен со 98.88 беа подобри од Торонто Рапторс.
Руди Гоберт беше најдобар играч кај Јута Џез со 25 коша и 14 скокови, додека Донован Мичел додаде 23 поени. Д’Анџело Расел беше најдобар стрелец на мечот и кај Голден Стејт Вориос со 33 поени, а на терените се врати по паузата од пет натпревари поради повредата на лигаментите, Дрејмонд Грин кој постигна четири поени и впиша пет асистенции.
ЛА Клиперс до победата од десет поени разлика над Торонто Рапторс ги предводеше Лои Вилијамс со 21 поен. Каваи Леонард постигна само 12 коша со 11 скокови и 9 асистенции. Паскал Сиакам ги предводеште Рапторс со 16 коша и 10 скокови.
Хјустон Рокитс со 122:116 на гости ги надиграа Њу Орлеанс Пеликанс, а Џејмс Харден во победата на својот тим постигна 39 коша, одека Расел Вестбрук додаде 26 поени.
Бостон Селтикс дома со 116:106 ги победија Далас Маверикс, а Кемба Викер постигна осум „тројки“ и 24 од вкупно 29-те свои коша само во второто полувреме за победата на домашните. Кај Далас најдобар беше Лука Дончич со 34 коша.
Мемфис Гризлис до победата на гости од 113:109 над Сан Антониот Спарс ги предводеа Џарен Џексон о 24 и Дилон Брукс со 21 кош. Ла Маркус Олдриџ бепе најдобар поединец кај Спарс со 19 поени.
Минесота Тимберволвс со 120:114 беа подобри од Детроит Пистонс.
РЕЗУЛТАТИ:
Детроит Пистонс – Минесота Тимберволвс 114:120
Бостон Селтикс – Далас Маверикс 116:106
Сан Антонио Спарс – Мемфис Гризлис 109:113
Њу Орлеанс Пеликанс – Хјустон Рокитс 116:122
Голден Стејт Вориорс – Јута Џез 108:122
ЛА Клиперс – Торонто Рапторс 98:88
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон 8 1 .889
2. Торонто 7 3 .700 1 1/2
3. Филаделфија 6 3 .667 2
4. Бруклин 4 5 .444 4
5. Њујорк 2 8 .200 6 1/2
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки 7 3 .700 –
2. Индијана 6 4 .600 1
3. Кливленд 4 5 .444 2 1/2
4. Детроит 4 7 .364 3 1/2
5. Чикаго 3 7 .300 4
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Мајами 6 3 .667 –
2. Шарлот 4 6 .400 2 1/2
3. Атланта 3 6 .333 3
4. Орландо 3 7 .300 3 1/2
5. Вашингтон 2 6 .250 3 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Денвер 7 2 .778 –
2. Јута 7 3 .700 0 1/2
3. Минесота 6 4 .600 1 1/2
4. Портланд 4 6 .400 3 1/2
5. Оклахома Сити 4 6 .400 3 1/2
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. ЛА Лејкерс 7 2 .778 –
2. ЛА Клиперс 7 3 .700 0 1/2
3. Феникс 6 3 .667 1
4. Сакраменто 3 6 .333 4
5. Голден стејт 2 9 .182 6
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Хјустон 7 3 .700 –
2. Далас 6 4 .600 1
3. Сан Антонио 5 5 .500 2
4. Мемфис 3 7 .300 4
5. Њу Орлеанс 2 8 .200 5