Утре автобусите на ЈСП по неделен возен ред, Жичницата ќе работи два часа повеќе

Утре, за празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз во Скопје ќе сообраќа по неделниот возен ред.

Од ЈСП Скопје информираат дека Жичницата на Водно ќе работи со вообичаено работо време, а дежурни ќе бидат две билетарници. Од 7 до 14 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и во Ѓорче Петров.

Од јавното претпријатие додаваат дека Жичницата ќе работи два часа повеќе од досега, односно од 10 до 20 часот.

„Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу, велат од ЈСП Скопје.

Работното време е согласно со одлуката за работно време на Жичарницата во период мај – септември.