Утре без струја делови од Аеродром, Центар и Петровец

Од ЕВН Македонија АД известaat дека на ден 02.10.2020 година (петок) без електрична енергија ќе останат:

-во периодот од 06:00-08:00 часот корисниците од булеварот „Јане Сандански“ згр.бр.67 (објектот на Жито Маркет позади Капитол Мол) (општина Аеродром)

-во периодот од 08:30-15:00 часот корисниците од улицата „Орце Николов“ бр.84; 86 и 88; непарните броеви од 69-77; булеварот „Климент Охридски“ од број 20-28 (парни броеви); улицата „Коста Веселинов“; бензинската на Макпетрол (на булеварот „Климент Охридски“), булеварот „Илинден“ од број 37-49 (непарни броеви) (општина Центар)

-во периодот од 08:30-12:00 часот корисниците од улицата „Орце Николов“ 144 (општина Центар)

-во периодот од 09:00-15:00 часот корисниците од селото Ржаничино ул.2 (покрај каналот) до бр.21 во селото ( (општина Петровец)