![casa voda](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/casa-voda.jpg?resize=460%2C276&ssl=1)
Жителите на неколку улици во скопските општини Центар, Бутел и Чаир утре ќе немаат вода.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација ги известува граѓаните дека утре поради реконструкција на водоводната мрежа без водоснабдување ќе останат:
од 09:00 часот до завршувањето на интервенцијата корисниците од дел од ул. Хо Ши Мин, ул. Краишка и ул. Натанаил Кушевшки во општина Бутел
од 09:30 часот до завршувањето на интервенцијата корисниците од дел од ул. Јајце во општина Чаир
од 09:30 часот до завршувањето на интервенцијата корисниците од дел од ул. Мајаковски во нас. Дебар Маало. (општина Центар)