Утре без вода жителите на Пушкинова

Центарот за управување со кризи информира дека утре без вода ќе бидат жители на улица Пушкинова во населбата Кисела Вода.

 Од ЈП Водовод и канализација е добиено известување дека на ден 07.08.2018 година поради  изведување на водоводен приклучок од Ф 125 мм, на улица Пушкинова бб , без  водоснабдување од  9 часот до завршување на интервенцијата  ќе останат корисниците од истата улица во населбата Кисела Вода, велат од ЦУК.