Утре се прогласува за Ден на жалост во Кавадарци по повод трагичната смрт на кавадарчаните Илија, Биљана и Снежана, членови на семејството Леови, кои во неделата ги загубија животите како жртви на семејно насилство.
Ваква одлука денеска донесе градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов.
– На Денот на жалост знамињата во Општина Кавадарци ќе бидат истакнати на половина копје. Сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината за утре се одложуваат. Угостителските објекти кои се на територијата на општина Кавадарци ќе емитуваат сериозна музика – објаснуваат од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа.