
Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. UV=10.
Утринските температури ќе се движат од 15 до 22 степени, а дневните од 34 до 43 степени Целзиусови.
Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец со температура до 38-от степен.
И следните денови ќе бидат поод влијание на топол бран во следниот период ќе се задржи стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. UV индексот ќе има многу висока вредност 10, а утринските температури во Скопје и во јужните делови нема да се спуштаат под 20 степени.