Утре нов сообраќаен режим поради ревијалната трка

Утре, 8 јуни, во периодот од 18,00 часот до 20,00 часот, во организација на Стопанска банка АД Скопје, ќе се одржи ревијална трка „Вози право, вози здраво“ . Трката ќе  стартува од Вип Арена СЦ Борис Трајковски, лево по булеварот „Илинден“ до Градски парк, кај споменикот на Гоце Делчев, каде ќе биде и целта на ревијалната трка.

Од  тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „Свети Климент Охридски“ , до крстосница со улицата „Љубљанска“ и паркинзите кои гравитираат околу СЦ Борис Трајковски, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира  до Граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.