
Во Македонија утре се очекува нов студен и влажен бран, кој ќе услови врнежи претежно од снег, а во југоисточните делови од дожд, каде што врнежите ќе бидат обилни и поројни.
Локално, како што информираат од УХМР, прогнозирано е да наврнат над 30 литри на метар квадратен.
На повеќе места ќе има врнежи од снег и ќе се формира нова позначителна снежна покривка.
На планините над 50 сантиметри, а во пониските места од 10 до 20 сантиметри снег.