
Денеска во Македонија денеска наутро е студено, а преку денот ќе преовладува сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови.
Утринските температури се движат од минус 5 до 0 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 9 и 18 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Температурата ќе достигне до 17 степени.