Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар – Стража од утринава се укинати.
Од Авто мото сојузот на Македонија информираат декс сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Од таму потсетуваат дека од вчера во целосен прекин е сообраќај во близина на Башино Село, кај мостот и тој ќе биде во прекин подолг временски период.