Јуве убедлив кај Удинезе, Лацио со пресврт загуби кај Лече, Рома спаси бод

Фудбалерите на Лече во последниот неделен натпревар од првото коло на италијанското првенство со голем пресврт на свој терен со 2:1 го совладаа фаворизираниот Лацио.

Гостите од Рим поведоа кон средината на првото поливреме со погодокот на Чиро Имобиле во 26 минута и ја одржуваа предноста до самиот финиш на дуелот. Тогаш подобрата игра на играчите на Лече резултираше со двата гола на Понтус Аквиста во 85 и Фредерико ди Франческо две минути подоцна.

Јувентус, пак, на гостувањето кај Удинезе оствари убедлива победа од 3:0. Натпреварот беше решен веќе во првото полувреме, кога мрежата на домашните ја затресоа Федерико Киеза во втората, Душан Влаховиќ од пенал во 20-та и Адреан Рабио во третата минута од судиското продолжување на првото полувреме.

Претходно во неделата првото изненадување во новата сезона се случи на римскиот „Олимпико“ каде големиот фаворит Рома одигра со Салернитана 2:2.

Рома дојде во водство во 17 минута преку Андреа Белоти а во 36 минута израмни Андреа Кандрева. Во вториот дел истите играчи уште по еднаш се впишаа во листата на стрелците, но по обратен редослед. Прво во 49 минута Кандрева го направи пресвртот за водство на Салернитана, а Белоти во 82 минута со удар со глава по изведен коренр ја спречи сензацијата.

Сасуоло со 0:2 беше поразен на свој терен од Аталанта. Двата гола гостите од Бергамо ги постигнаа во завршницата од натпреварот, прво погоди во 83 минута Шарл Де Кателаере а конечниот резултат го постави во третата минута од судиското продолжение Надир Зортеа.