Јувентус лесно до трите бода кај Парма

Juventus' Cristiano Ronaldo    scores the goal (0-2) during the Italian Serie A soccer match Parma Calcio vs Juventus FC at Ennio Tardini stadium in Parma, Italy, 19 December 2020. ANSA / ELISABETTA BARACCHI

Актуелниот италијански фудбалски шампион Јувентус лесно со 4:0 славеа на гостувањето кај Парма моментално израмнувајќи се бодовно со Интер на второто место во Серија А.

Шведскиот напаѓач со македонски потекло Дејан Кулушевски ги начна домашните во 23 минута, а потоа Кристијано Роналдо со погодоците во 23 и 48 минута ги разјасни сите прашања, а Алваро Мората во 85 минута ја заврши приказната.

Јувентус и Интер сега имаат по 27 бодови, но „Нераѕурите“ имаат меч помалку. Водечкиот Милан има 28 бодови и натпревар помалку, а Парма е 15-та со 12 бодови.

Сампдорија беше сигурна дома и со 3:1 го совлада Кротоне. Микел Дамсгаард во 26, Јакуб Ханкто во 36 и Фабио Кваљареала во 65 минута беа стрелци за домашните, а за гостите погоди Симеон Точикву Нванкво од пенал во судиското продолжение на првото полувреме.

Сампдорина моментално е 10-та на табелата со 17 бодови, а Кротоне е последен 20-ти со шест бодови.

Во првиот саботен натпревар Фиорентина и Верона ги поделија бодовите со два реализирани пенала. Мигел Велосо во 8 минута ги донесе гостите во водсто, а израмни во 19 Дупан Влаховиќ.

Верона моментално е седма со 20 бодови, а Фиорентина е 17-та со 11 бодови, го има последното место кое гарантира опстанок во Серија А.

Во недела на распоред се дуелите: Торино – Болоња, Беневенто – Џенова, Калјари – Удинезе, Интер – Специја, Саусуоло – Милан, Аталанта – Рома и Лацио – Наполи.