Узбекистан започна судење за смртта на 65 деца поврзани со сируп против кашлање

Узбекистан во петокот започна судење за смртта на 65 деца поврзани со контаминиран сируппротив кашлица минатата година, првпат објавувајќи значително поголем број смртни случаи отколку што се споменуваа претходно.

Централноазиската земја претходно објави 20 смртни случаи поврзани со лековите, кои се произведени од индиската фармацевтска компанија „Marion Biotech“.

Меѓу 21 обвинет, сите државјани на Узбекистан, се најдоа и поранешни високи функционери кои биле задолжени за лиценцирање на увозни лекови и управители на приватна компанија која ги увезувала и дистрибуирала, се вели во соопштението на Врховниот суд на Узбекистан.

Обвиненијата против нив вклучуваат даночно затајување, продажба на супстандардни или фалсификувани лекови, злоупотреба на службената положба, фалсификување и поткуп.

Индискиот регулатор ја одзеде лиценцата за производство на „Marion Biotech“, која ги извезувала сирупите во Узбекистан и уапси некои од нејзините вработени. Правните претставници за „Marion Biotech“ во декември изјавија дека компанијата жали за смртта на децата.