Ужас во Нови Сад: Си ги убиле децата, па скокнале од 17-катница

Безживотни тела на момче на возраст од една година и тригодишно девојче се пронајдени во стан во Петроварадин, а нивните родители на возраст од 25, односно 23 години скокнале од покрив на 17-катница во Нови Сад и извршиле самоубиство. Лекарите на лице место можеле само да констатираат смрт кај двајцата. Ова е веста што викендот ја потресе Србија и регионот.

Според сознанија на српските медиуми, сомнежите се дека смртта кај децата настапила насилно.

Сè уште не е познато кои се мотивите за оваа незапамтена трагедија. Во тек е полициска истрага која треба да ги утврди причините поради кои родители посегнале по животите на нивните деца, а потоа и по своите.

„Приодот беше морничав. Го паркирав автомобилот пред зграда и местото го минав пешки. Не очекував таква глетка. Ноќеска не можев да спијам. Ова е страшно. И јас имам деца на таа возраст, многу работи ми минаа во мислите. Станарите велат дека не знаат како младите родители влегле во зградата, бидејќи вратата се заклучува, ниту пак слушнале забава или било што во објектот“, изјави еден од станарите за telegraf.rs.