Јужна Кореја во ворникот го постави рекордниот број од 1.784 нови случаи на Covid-19 и го надмина минатонеделниот рекорд како последица на острото ширење на делта варијанта на коронавирусот SARS-CoV-2, извасти во средата Корејската агенција за контрола и превенција на болестите (KDCA).
Минатонеделната анализа на 2.381 случај на зараза утврди дека во речиси 40 отсто од случаите станувало збор за делта варијантата на вирусот, покажуваат податоците на KDCA.
Повеќе од половината од анализирани 1.714 случаи на зараза со делта варијантата на коронавирусот од декември во Јужна Кореја се дијагностицирани минатата седмица.
И покрај рекордниот број на новозаразените, јужнокорејските власти не бележат значителен раст на хоспитализирациите или смртните случаи, со стапка на смртноста од 1,13 отсто и 214 тешки форми на болеста во вторникот. Претходниот рекорден број на новозаразените Јужна Кореја го имаше минатата седмица.
Од 52 милиони жители на Јужна Кореја, 32 отсто ја примиле првата доза на вакцините против Covid-19, а владата сака до септември да вакцинира 70 отсто од населението.
Од почетокот на пандемијата Јужна Кореја досега потврди 181.265 случаи на зараза со коронавирусот и 2.060 почината како последица на компликациите предизвикани од коронавирусната болест Covid-19.