„Вагнер“ и Белорусија одржуваат воени вежби до границата со Полска

Борците на руската приватна воена компанија „Вагнер“ ќе помогнат во обуката на специјалните сили на белоруската војска на воен полигон близу границата со Полска, земја членка на НАТО, соопшти во четвртокот белоруското Министерство за одбрана.

Во видео-материјалите кои изминатите два дена ги емитуваат белоруските медиуми, шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, на своите бориц им посака добредојде во Белорусија. Порача дека засега нема да се борат повторно во Украина, но истакна дека треба да се подготват за Африка, каде што изминатите години дејствуваше оваа паравоена формација.

„Вооружените сили на Белорусија ја продолжуваат заедничката обука со борците на ПВК (приванта воена компанија) ‘Вагнер’. Единиците на силите за специјални операции, заедно со претставници на четата во текот на седмицата ќе одработа задача за борбена обука на полигонот Брест“, се додава во соопштението од Минск.

Полска, којашто од последните две години подигна бариери на границата со Белорусија и значително ги зголеми своите единици во областа на кои им помагаат и британски специјаци поради мигрантската криза која наводно ја оредизвикал Минск, претходно месецов објави дека ќе испрати уште 500 полицајци. Според Варшава, тоа е мерка за справување со наводно сѐ погоелмиот број мигранти, како и за сите поенцијални закани откако борците на „Вагнер“ се преместени во Белорусија. Во четвртокот полските власти соопштија дека внимателно ја следат ситуацијата на границата.

Западот ја обвинува Белорусија дека ѝ дозволила на Русија да ја искористи нејзината територија за инвазујата во Украина. Белорусија, која по кусото кокетирање со Западот, го обвини за организирање на масовните протести во 2020 година, последните три години изведе голем број заеднички воени вежби со Русија, велејќи дека тоа е одговор на трупањето НАТО трупи на нејзините граници.

Белорусија претходно во јуни започна да го прима руското тактичко оружје за кое рускиот претседател Владимир Путин рече дека Западот треба да го сфати како предупредување за својата инволвираност во војната во Украина.