Вакцината Спутник V исто така може добро да ги заштити животните од коронавирусот, изјави директорот на Државниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“, Александар Гинцбург.
Тој истакнал дека сè уште има приоритети во однос на вакцинацијата.
„Убеден сум дека Спутник V добро ќе ги заштити животните, но прво мора да ги вакцинираме луѓето“, рекол Гинцбург.
Тој забележал дека е потребно да се вакцинираат животните, не само за да се заштитат, туку и да се запре циркулацијата на вирусот помеѓу нив и луѓето.
„Спутник Ве“ (Спутник V) е тестиран на животни во центарот на „Гамалеја“ и врз нив се извршени сите претклинички тестови, па со сигурност можеме да кажеме дека функционира. Вакцината, направена специјално за животни, е многу поевтина од вакцината за луѓето“, нагласил Гинцбург.
Вакцината Спутник V е регистрирана во скоро 60 земји со вкупно население од околу три милијарди луѓе. Ефикасноста на препаратот е 91,6 проценти, што беше потврдено во списанието „Лансет“, едно од најстарите и најценетите медицински списанија во светот.