Вакцината за Covid-19 можеби ќе биде готова до крајот на годината, вели шефот на СЗО

Вакцината против болеста Covid-19 можеби ќе биде готова до крајот на оваа година, изјави во вторникот директорот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), Тедрос Аданом Гебрејесус, без да наведе поединости.

Челникот на СЗО повика на солидарност и на политичко дејствување на сите челници за да се обезбеди рамноправна рапсределба на вакцината кога таа ќе биде подготвена.

„Ќе ни биде потребна вакцина и постои можност да ја имаме до крајот на годината. Се надеваме“, рече Тедрос на крајот од состаноткот на извршниот одбор на СЗО посветен на глобалниот одговор на пандемијата.

Девет експериментални вакцини се дел од иницијативата „Covax“ на СЗО во рамките којашто се планира да се распределат две милијарди дози до крајот на 2021 година.

Досега 168 земји ѝ се приклучија на оваа иницијатива, но не и САД, Кина и Русија. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп рече дека е понаклонета на билатералните договори за набавка на вакцината од произведувачите имајќи дека САД се водечки во светот според бројките на заразени и починати во пандемијата на коронавирусот.

„Потребни сме си едните на другите, потребна ни е солидарност и мораме со сител сили да се бориме против вирусот“, рече Тедрос.