
Вакцините против Covid-19 на база на ткн „гласничка“ РНА (mRNA), како што се на „BioNtech/Pfizer“ и „Moderna“, се чини дека се ефикасни и против индискиот сој на коронавирусот, објави во Европската агенција за лекови (ЕМА).
Податоците коишто ги изнесе европскиот егулатор за ефикасноста на mRNA вакцините против сојот B.1.617 на коронавирусот SARS-CoV-2 „охрабруваат“, тврди Марко Кавалери, претседател на работната група на ЕМА одговорен за стратегијата на вакцинирање во Европската унија.
На прес-конференцијата во средата Кавалери рече дека е оптимист и во поглед на ефикасноста дека вакцините на база на аеновируси кои се користат во ЕУ, како што се „AstraZeneca/Oxford“ и „Johnson&Jonhson“, исто така, штитат од индискиот сој.
„Се очекуваат дополнителни податоци од Индија каде што се променува вакцината на AstraZeneca. До денеска, севкупно, убедени сем дека вакцините ќе бидат ефикасни против оваа варијанта“, рече Кавалери.
Во Европската унија се користата четири вакцини: на „Pfizer/BioNTech“ и „Moderna“ кои се развиени на новата технологија mRNA, и на „AstraZeneca“ и на „Johnson&Johnson“ кои се развиени на познатата платформа и се вирусни векторски вакцини.
Сојот на вирусот B.1.617, кој првпат во Индија се јави ланскиот октомври, досега е иднетификуван во 44 земји во светот, според податоците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), којашто овој сој го вброи во листата „загрижувачки“.
Со тоа индискиот сој им се придружи на трите „озлогласени“ кои се појавија во Велика Британија, Бразил и Јужноафриканската Република, а кои се сметаат за поопасни од оригиналната верзија на коронавирусот, бидејќи се поразаразни, посмртонсони или поотпорни на одредени вакцини.