Најпријатното изненадување во досегашниот тек од новата сезона во шпанската Примера дивизион, тимот на Атлетико (М), ја продолжи победничката серија, а најнова жртва на популарните „јорганџии” е екипата на Валенсија.
Неделната пресметка на „Винсенте Калдерон” заврши со убедлив триумф на домаќинот од 3:0, а два погодока на натпреварот постигна новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста.
„Во првото полувреме Валенсија имаше поголема контрола врз топката, но не беше доволно опасна пред нашиот гол. Јас секогаш сакам повеќе од моите фудбалери, сакам повеќе од секоја ситуација. Не сакам тим кој делува пасивно во секоја ситуација. Не бев задоволен од играта во првото полувреме. За време на паузата моите фудбалери добија нови инструкции и истите вродија со плод”, изјави предводникот на Атлетико (М), Диего Симеоне.
Резултати: Алмерија – Еспањол 0:0, Сосиедад – Бетис 5:1, Севилја – Атлетик Б. 1:1, Атлетико М. – Валенсија 3:0.