Валенсија со пресврт до победа над Вилјареал

Фудбалерите на Валенсија со голем пресврт во завршницата на натпреварот ја совладаа Вилјареал со 2:1 во првиот дуел од 26-то коло од шпанското првенство.

Гостите поведоа преку пеналот кој во 40 минута го реализираше Жерар Морено, но домашните прво израмнија исто така од пенал во 86 минута кој го изведе Карлос Солер, а до трите бода дојдоа со погодокот на Коншало Гиедес во првата минута од судиското продолжение на мечот.

Валенсија сега е 12-то место со 30 бодови, седум помалку од седмопласираниот Вилјареал.

На чело на Примера лигата е Атлетико Мадрид со 58 бодови, пет повече со меч пималку од второпласираната Барселона и третиот Реал Мадрид.