Новата сезона во англиската Премиер лига ќе стартува на 16 август, а во првото коло, бранителот на тронот, тимот на Манчестер Сити за противник го секогаш незгодната екипа на Њукасл.
Трофејниот холандски стручњак, Луј ван Гал ќе го има своето премиерлигашко деби на клупата на Манчестер јунајтед на „Олд трафорд“, и тоа против тимот на Свонси, а најтрофејниот клуб на Островот има и одличен распоред.
Во следните три кола “црвените ѓаволи” играат против Сандерленд, Барнли и КПР.
Челзи важи за апсолутен фаворит во дуелот против новајлијата Барнли, а лесна задача ќе имаат и фудбалерите на Арсенал кои за противник го имаат тимот на Кристал Палас.
Двојки за прво коло: Арсенал – Кристал палас, Барнли – Челзи, Лестер – Евертон, Ливерпул – Саутемптон, Манчестер ј. – Свонси, Њукасл – Ман. сити, КПР – Хал, Стоук – Астон вила, ВБА – Сандерленд, Вест хем – Тотенхем.