Селекторот на Холандија, Луј ван Гал, ги прокоментира зборовите на аргентинскиот фудбалер за врска Анхел Ди Марија кој го нарече најлошиот тренер во неговата кариера.
– Анхел ди Марија е многу добар фудбалер. Кога работев со него во Манчестер јунајтед, тој имаше лични проблеми и тоа влијаеше и на неговата игра. Дали рече дека сум му бил најлошиот тренер? Тој е еден од ретките играчи кои го кажуваат тоа. Штета. Тренерот понекогаш мора да носи одлуки кои не се пријатни за секого, изјави Ван Гал.
Селекторот на Холандија се сети и дека и тој во Манчестер Јунајтед немал баш добри односи со Мемфис Депај.
– Мемфис, кој сега седи до мене, имаше слична ситуација во Манчестер јунајтед. Но, тренерот не прави ништо случајно. Можеби не беше во ред, но погледнете го односот меѓу нас сега – сè е сосема поинаку, додаде Ван Гал.
Репрезентацијата на Холандија на вечер ќе игра со Аргентина во четвртфиналето на Свтското првенство во Катар. Почетокот е во 20 часот.