Ванчо Марковски избран за прв човек на Комората на извршители

Ванчо Марковски извршител од Тертово е избран за нов претседател на Комората на извршители. Тој доаќа на местото на Зоран Димов.

Марковски функцијата ќе ја извршува следните  три години.

Од Комората информираат дека на конкурсот се пријавиле извршителите Роза Родиќ и Ванчо Марковски, а избран бил Марковски.

Во тригдишниот претседателски мандат на Димов Министерството за правда го направи најголемото намалување на извршителските тарифи, што беше причина извршителите во знак на протест еден ден да ги затворат канцелариите.

Во државата во моментов работат деведесетина извршители.