Младиот дефанзивец на шпанскиот гигант Реал (М), Рафаел Варане откри дека се е во ред со неговото оперирано колено и додаде дека не е во право тој што постојано изјавива дека францускиот интернационалец не е подготвен за игра поради проблемот кој го има со повреденото колено.
„Многу се зборува за моето колено, многу работи беа кажани во изминатиот период. Секој си даде за право да ја коментира мојата здравствена ситуација. Искрено, не сакам кога некој води шега со моето колено. Ситуацијата е јасна како ден. Јас бев во рацете на Др. Херве Силберт. Постојано сме во контакт и можам да кажам дека заврши одлична работа. Се е во ред со моето колено и не е точно дека не сум подготвен за игра. Моето колено не смее да биде некакво алиби”, изјави репрезентативецот на Франција.
Ваквата изјава на Варане е наменета за предводникот на “кралскиот клуб”, Карло Анчелоти кој повеќе им верува на Пепе и на Рамос, а францускиот интернационалец постојано е закован за клупата за резервни фудбалери.