Левиот бек на РК „Вардар“, Сергеј Горбок, кој по две сезони минати во „ПИК Сегед“ се врати во редовите на македонскиот првак,во следните неколку месеци ќе отсуствува од натпреварите поради повреда, потврдија од клубот.
Последната контрола на коленото покажала дека на Русинот му се скинати лигаменти, отако се повреди во саботата на тренинг. Лекарите неколку дена чекале прво да се намали отокот за да може да се извршат потребните лекарски контроли и магнетната резонанца.
Поради повреда со тимот се уште не тренира голманот Даниел Ѓорѓески, а скршеница на дланката има Стојанче Стоилов кој ќе паузира неколку седмици. На списокот на повредени извесен период беа и Игор Карачиќ и Вуко Бозоран.
Утре „Вардар“ го игра мечот од второто коло во СЕХА Газпром лигата против „Железничар“. Натпреварот е закажан за 20,15 часот во СЦ „Јане Сандански”.