Македонскиот ракометен шампион Вардар е на чекор до пласманот на фајнлфорот во СЕХА лига, откако во 16. коло славеше на гостувањето кај Ловќен со 41:23 (23:8).
Најефикасен на натпреварот беше Лука Раковиќ со 11 голови, Добривое Марковиќ постигна девет голови, додека по четири голови постигнаа Абутовиќ и Душебаев.
Во таборот наЛовќен најефикасен бeше Мирко Радовиќ со пет погодоци.
Со оваа победа „црвено – црните”се искачија на третата позиција на табелата со 31 бод. Лидер е Загреб со 37 бодови, пред Татран Прешов со 36, додека на четвртото место е Мешков Брест со 30 бодови. Вториот македонски претставник во ова натпреварување е Металург на петтата позиција со 28 бодови.