Ракометарите на Вардар одиграа во саботата во „Јане Сандански“ добар натпревар, но кусата клупа со квалитетни играчи беше главната причина за домашниот пораз од 27:31 од Монпелје.
Вардар во мечот влезе одлично и на почетокот поведе со 5;1, но како одминуваше натпреварот Монпелје се враќаше и на полувремето отиде со гол предност 14:13.
Во второто полувреме Монпелје дојде до предност и од највисоки пет разлика 28:23, но со серија од 4;-0 Вардар дојде на само еден негатива 27:28. Сепак во финишот Вардарци направија три грешки во додавањата и примија три гола за конечна победа на Монпелје од 31:27.
Стојанче Стоилов со седум голови беше најдобар поединец кај Вардар, одлична партија имаше и Горбок со шест гола, Чупиќ даде пет, Дибиров четири.
Вардар настапот во групната фаза го заврши на шестото место со 11 бодови и во осминафиналето најверојатно ќе игра против ПИК Сегед.