По крилото Марко Срдановиќ, бековите Нилтон Мело, Стефан Петриќ, Ансер Родргиес, тимот на Вардар се засилува со уште еден ракометар.
Според информациите на 24Ракомет од Полска, средниот бек на Висла Плоцк – Косуке Јашухира треба да биде нов член на „црвено-црниот“ тим.
Станува збор за млад ракометар кој има 22 години (173/67) и настапува на средната бековска позиција.
Доколку се реализра трансферот тоа ќе биде првиот Јапонец што ќе настапува во Македонија, и во Вардар.
Јашухира беше пријавен во составот на Висла Плоцк оваа сезона во елитното натпреварување, но не беше стандарен првотимец и постигна седум погодоци против ПСЖ, Веспрем и Загреб.