Македонскиот фудбалски шампион Вардар успеа да ја продолжи серијата победи во домашното првенство откако попладнево во одложениот дуел од 8-то коло на ПРвата македонска фудбалска лига го совлада тимот на Академија Пандев како гостин со 2:0.
Ова за „црвено-црните“ е четврта победа по ред. Головите за Вардар ги постигнаа: Максим Максимов во 45 минута и Ацо Стојков во 88 минута. Двете екипи натпреварот од 17-то коло ќе го играат на 10-ти декември во Скопје.
Попладнето се одиграа и три дуели од 17.коло. Силекс со пресврт стигна до победа на домашен терен над Работнички со 2:1, откако противникот водеше со 1:0. Гостински триумф оствари Победа на теренот на последнопласираниот Скопје, додека Пелистер и Шкупи одиграа нерешено 2:2. Пелистер имаше водство од 2:0.
Вчера Шкендија ја победи Ренова со 6:1.
Табела: Шкендија 43 бодови (17 натпревари), Вардар 32 (15), Силекс 28 (17), Академија Пандев 25 (16), Работнички 20 (16), Шкупи 20 (17), Победа 18 (17), Ренова 17 (17), Пелистер 16 (17) и Скопје 10 (17).