Вардар поплави пешачки патеки во Аеродром

Вардар вчера се излеа во населбата Аеродром зад Фондот за пензиско. Видеа од излевањето се објавени и на социјалните мрежи.

Нивото на Вардар е за трипати поголемо во Велес.Поради надојдените води по Вардар низ центарот на Велес пловеа стотици пластични шишиња, собрани од надојдените води на реката од бреговите долж реката.

Од УХМР вчера соопштија дека непрекинатите врнежи придонеле за зголемување на нивото на водата во реките, особено на река Вардар во горниот тек и нејзините притоки. Оттаму посочуваат дека е високо и нивото на реката Бабуна кај Богомила и далеку над просекот, но засега нема излевање. Високо е нивото и на реката Тополка во реонот на велешко.