Лидерот во македонското фудбалско првенство Вардар славеше со убедливи 3:0 на гостувањето во СТрумица кај Академија Пандев, со што се зацврсти на првото место на табелата во Првата македонска фудбалска лига.
Два гола на Аврамовски и еден на Брдаровски беа доволни за висок триумф на „црвено-црните“, кои сега имаат осум бодови повеќе од „Пандевци“ и Шкендија кои го делат второто место.
По два гола на Жуниор и Ибраими и беа повеќе од доволни на Шкендија да го победи Шкупи со убедливи 4:0, а Борец со минимални 1:0 славеше над Ренова.
Без победник заврши само дуелот меѓу Работнички и Силекс (1:1), на кој домаќините водеа со голот на Марковиќ, но Ѓуриќ го потврди ремито.