Фудбалерите на Вардар ја забележаа втората победа во третиот пријателски натпревар во Анталија, Турција. „Црвено-црните“ со минимални 1:0 го совладаа вториот тим на Динамо Москва.
Стрелец на единствениот гол беше Иван Николов во 82 минута од натпреварот.
Вардар во првиот дел настапи во состав: Илиќ, Ричков А. Ричков М, Стојанов, Стојковски, Нијаз, Велковски, Керим, Парталко, Костовски и Ѓорѓиевски. Пофалби за овој тим кој во првиот дел не прими погодок, а одиграл и добар натпревар.